Жители на Пролет: Срамота е некој да се изживува врз ГТЦ

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, со своите соработници оствари средба со жителите на населбите Пролет и Ново Маало.

На почетокот ги замоли на 26-ти април да излезат и да го искажат своето мислење за изгледот на Градскиот Трговски Центар.

„Мојата лична одлука е ЗА, но Вие гласајте и изразете ја својата волја онака како што Вие сметате. Нема подиректно и поконкретно учество на граѓаните во одлучувањето од референдумот, затоа на 26-ти, в недела, појдете на местата каде што гласате за локалните, парламентарните и претседателските избори“, ги повика жителите на Пролет и Ново Маало, градоначалникот Жерновски.

„Срамота е некој да се изжувува за ГТЦ. Да излеземе и да гласаме за референдумот“, порачаа жителите на Пролет и Нова Маало.

Sredba so gragjani - Prolet-Novo Maalo (2) (1)

Во овој дел на Центар, во најстарата скопска населба – Пролет, ќе се менува комплетниот лик. Со инвеститор ќе се зголеми катноста на зградите за уште 2 спрата, а инвеститорот, доколку се согласат граѓаните, ќе ги направи сите фасади со термичка изолација и со енергетски пасоши, велат од Општина Центар.

„Ќе ги обновиме вертикалните водоводни мрежи, ќе ставиме лифтови, нови сензорски светла, нови влезни врати и домофони. Статичкиот дел на зградите нема да биде оптоварен и ќе се гради во согласност со сеизмичките прописи“, рече инвеститорот Љупчо Димитриевски од Гланцбау.

„И проширувањето, доколку го има, нема ништо да ги чини станарите. Сметките за струја, рече Жерновски, со вака изведени фасади ќе бидат пониски и до 30%, а ние добиваме среќни и задоволни граѓани. Општина Центар комплетно ќе го уреди околниот простор.

Бисера Јакимовска, раководител на Секторот за урбанизам и просторно планирање, рече дека нивните згради се типски и наместо приземје + три ката, како што се сега, ќе се оди на приземје + пет ката + поткровје. Гаражите, рече, какви што се сега, не може да останат. Тие ќе се урнат и ќе се обезбеди паркинг за секој стан.

Договорена е средба со жителите на овој дел од Центар за надминување на проблемите со паркингот“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски