Наставниците и средношколците излегоа на протест на кумановските улици. Тие маршираа од градскиот плоштад до подрачната единица на Министерството за образование.
Средношколскиот пленум од Куманово информира дека нема откажување од барањата кои се поставени до Министерството за образование и наука како и тоа дека бојкотот продолжува.