(ВИДЕО) Манчевски: Бараме директен пренос од седниците на Советот преку интернет

Од:

Советничката група на СДСМ и опозицијата на денешната седница бара да се донесе одлука за директни преноси на седниците на Советот преку интернет. Со ова ќе се зголеми транспарентноста на работата на Советот, а граѓаните ќе имаат лесен начин да следат како градот ги носи одлуките кои се директно поврзани со нивните интереси, рече Дамјан Манчевски, координатор на Советничката група на СДСМ и коалициските.

Ова го бараме, особено имајќи предвид дека седниците на Советот упорно се закажуваат да почнуваат во 13:00 часот, со што вие претставниците на медиумите сте оневозможени до крај да ја следите работата на Советот.

Тоа е намерна тактика на Коце Трајановски. Секогаш како први на дневен ред се поставуваат банални теми, како на пример денешните први точки за прием на смукалки, брусилки и скали.

Додека во долниот дел на дневниот ред редовно се наоѓаат одлуките од најголемо значење за граѓаните на Скопје, кои најмногу негативно влијаат на квалитетот на животот на скопјани. Со тоа Коце Трајановски редовно ги крие од јавноста срамните одлуки кои ги носи владејачкото мнозинство во Советот.

За среќа во денешно време, од технички аспект е најлесно да се организира пренос преку интернет, а воедно овој начин е и најефтин.

Согласно нашите пресметки, градот во најлош случај би требал да издвои не повеќе од 10.000 евра за да се обезбедат сите технички услови за пренос на седниците во живо преку интернет.

Сметаме дека оваа наша иницијатива е во интерес на сите граѓани на Скопје, кои мораат да имаат можност да се информираат за работата на нивните претставници во Советот.

Секоја одлука која ќе значи одбивање на оваа наша иницијатива, ќе значи криење и нетранспарентност на работата на Коце Трајановски и градската власт.

Би можело да ве интересира

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат