Хојт Ји: Двете страни да изнајдат решение, а Владата да ги истражи сите обвинувања

Од:

Актуелната политичка криза во Македонија, начините за нејзиното надминување, но и евроатланските интеграции биле тема на денешните разговори на американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји со лидерот на Социјалдемократски сојуз Зоран Заев.

Имав интересна средба со лидерот на СДСМ Зоран Заев при што разменивме мислења за ситуацијата во Македонија и за заедничката цел за членство во Европската унија и НАТО. Силно веруваме дека има можност Македонија да се интегрира во двете евроатлански институции. Тоа треба да биде пред се најважна задача и обврска и за власта и за опозицијата, изјави Хојт Ји по средбата со Зоран Заев.

– Разговаравме и за скандалот со прислушувањето, разменивме мислење за тоа што треба да се направи. Како што знаете, ние веруваме дека многу е важно е двете страни да бидат одговорни, да изнајдат решение за кризата, а владата да ги истражи сите околности и обвинувања за прислушувањето и корупцијата. Како што му кажав на Заев, за една демократска земја, многу е важно и опозицијата да се врати и да учествува во работата на Парламентот. Го поттикнав Заев да најде начин за да ја врати партијата во работата на парламентот, за да и се помогне на Македонија да ги постигне евроатланските аспирации – нагласи американскиот дипломат.

На средбата Ји и Заев размениле мислења за ситуацијата во земјата и како што истакна, заедничката цел – Македонија да напредува кон членството во ЕУ и НАТО.

– Силно веруваме дека има можности за натамошна интеграција на Македонија во европските и евроатланските институции и тоа треба да биде примарна цел и на опозицијата и на владејачката партија и Владата, истакна американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји.

Тој вчера имаше средба со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“