Во битолската гимназија „Јосип Броз Тито“, учениците кои се во бојкот на наставата веќе четврти ден, се соочуваат со големи пречки, тие утрово наишле на заклучени тоалети.
И покрај видео записот, од училиштето велат дека не е точно и дека не се информирани за такво нешто.
Учениците кажуваат дека се во постојан надзор како и дека во секој чекор дел од вработените во училиштето се гледа начин на пригушување на бојкотот.
Бојкотот на наставата во Битола продолжува, сите ученици се во дворовите, а тоа вчера го забележале и самите на камера. Не се враќаат на настава се додека не се одговори на нивните барања.