Хојт Ји на средба со Зоран Заев

Од:

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, како што е најавено, денеска во Скопје ќе разговара со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој по вчерашната средба со премиерот Никола Груевски изјави дека власта треба да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Заев.

Осврнувајќи се врз опозицијата, Хојт Ји изрази надеж дека таа ќе може да се врати во Парламентот што е можно поскоро за да ја одигра демократската улога за која е избрана. Тојдодаде дека ја пренел пораката оти Соединетите држави се силни поддржувачи на македонските евроатлански интеграции. Хојт Ји вчера имаше средби и со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он