Борба за превласт во врвот на „Фолксваген“

Од:

Надзорниот одбор на групацијата „Фолксваген“ ќе одржи вонреден состанок заради јавната расправа меѓу највисоките раководители на компанијата, пренесува ДПА.

Вонредниот состанок е свикан заради несогласувањата меѓу претседателот на надзорниот одбор, Фердинанд Пијех, и извршниот директор, Мартин Винтеркорн.

Во „Фолксваген“ не сакаа да ги коментараат овие медиумски наводи.

Списанието „Шпигл“ (Der Spiegel) го цитира Пијех, кој вели дека „е на дистанца со Винтеркорн“ за кого се верува дека може да стане следниот прв човек на надзорниот одбор на германскиот автомобилски гигант.

Винтеркорн ја добил поддршката од шефот на влијателниот совет на вработените, додека гувернерот на покраината Долна Саксонија, која е малцински акционер во „Фолксваген“, ја критикуваше јавната расправа за раководството на компанијата.

Пијех, на различни функции, на чело на „Фолксваген“ се наоѓа речиси 22 години, од што девет години минал на позицијата извршен директор.

Од друга страна, Винтеркорн е извршен директор веќе осум години. Под негово водство групацијата порасна од осум на дванаесет брендови, двојно го зголеми бројот на свои фабрики во светот и ја зголеми годишната продажба за 64 отсто, на 10,1 милиони возила, колку што беа испорачани во 2014 година.

До несогласувања дојде во момент кога „Фолксваген“ бара начин да ги намали трошоците на работење за да го зголеми профитот.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ