Едно лице повредено во вооружен инцидент во Струга

Од:

Едно лице е повредено од огнено оружје при пукотница што случи денеска во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница „Спорт лајф“ која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга, потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Педесет и тригодишниот А.Н. од струшкото село Велешта се здобил со повреди во градниот кош по што е пренесен во Општата болница во Струга, а потоа, поради сериозноста на повредите префрлен во ургентен центар во Скопје. Настанот се случил денес во 12 часот и 40 минути во близина на тоалетот од спортската обложувалница која се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Од засега непознати причини дошло до пукање.  Тука е забележан повредениот А. Н. веднаш до него и огнено оружје пиштол марка „Берета“ калибар 9 милиметри, појасни Димоски.

Полициската станица од Струга презема мерки за целосно расветлување на сите аспекти на овој настан.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип