Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 400 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ до ЈП „Улици и Патишта“ во населбата Кисела Вода утре без вода ќе останат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопшти дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од полноќ до отстранување на дефектот.