Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојна ликовна изложба на Христо Петрески.
Изложбата е тематска и со заеднички наслов „Сликање на џезот, или (пре)сликан џез“, а ќе бидат изложени 33 слики.
На отворањето на изложбата ќе говорат Александар Прокопиев, Олга Панкина, Ана Багриана, Стојче и Емилија Тоциновски.
Христо Петрески веќе ги има излагано свои ликовни дела на самостојни изложби во Битола, Радовиш, Скопје, Ресен, Кавадарци, Демир Капија, Неготино и Прилеп.