Раст од 12,5 отсто во продажбата на моделите на „Форд“ во Европа во 2015 година

Од:

„Форд“ во првото тримесечје од 2015 година оствари раст во продажбата на своите модели на европскиот пазар од 12,5 проценти, соопшти компанијата.

Според официјалните податоци од 20 европски земји, „Форд“ во периодот јануари-март продал вкупно 335.100 возила, што е за 12,5 отсто повеќе во однос на првите три месеци од 2014 година.

Потпретседателот за продажба на „Форд“ во Европа, Питер Флит, вели дека за растот, пред се, е заслуга на заздравувањето на европската економија, како и ниските каматни стапки и програмите за стопански стимулации.

– Очигледно е дека купувачите имаат повеќе пари на располагање, изјави Флит, наведувајќи дека за тоа се заслужни падот на невработеноста во ЕУ на само 9,8 отсто и поевтиното гориво.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ