Ајпадот на папата Франциско продаден за 30.500 долари

Од:

Ајпадот на „Епл“, што му припаѓал на папата Франциско, е продаден на аукција за 30.500 американски долари, со кои ќе се финансира изградба на училиште за сиромашни во Уругвај, соопшти аукциската куќа „Кастелс“ од Монтевидео.

Ајпадот е купен со телефонска понуда, но не се открива името на купувачот и неговата националност.

Ова не е првпат папата Франциско, кој ја критикува пазарната економија заради поттикнување нееднаквост, да донира некој личен предмет. Минатата година еден „Харли-Дејвидсон“, што го доби на подарок, на аукција беше продаден за 241.500 евра.

– Направете нешто добро со него, ги пренесе уругвајскиот свештеник Гонзало Емилиус зборовите на папа, предавајќи го ајпадот.

Емилиус, уредот му го подари на средното училиште „Франциско де Паусанд“, што се наоѓа на околу 370 километри од уругвајскиот главен град Монтевидео.

Претставниците на училиштето рекоа дека по неколку обиди за продажба на ајпадот за што ги ангажирале аукциските куќи „Кристис“ и „Сотиби“, тоа го направиле преку локалната „Кастелс“.

На производот пишува: „Неговата светост Франциско. Интернетска служба Ватикан, март 2013 година, потврдено со сертификат на автентичност потпишана од секретарот на папата, Фабијан Педчио Ленаиз“.

Папата Франциско во една прилика интернетот го нарече „Божји дар“, но призна дека не е вешт со таа технологија.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска