Турција предлага организирање меѓународна мировна конференција за Јемен

Од:

Турција сака да организира меѓународна конференција за мир во Јемен, која би ги собрала сите страни во судирот и која би се одржала во Истанбул или во Ријад, изјави денеска во Москва претседателот на турскиот Парламент Чемил Чичек.

– Турција е подготвена да организира конференција со цел да се помогне во мирно решавање на судирот, изјави Чичек на прес-конференција во Москва, каде престојува во официјална посета.

– Оваа конференција би можела да биде организирана во Ријад или во Истанбул, додаде тој и прецизираше дека е неопходно шиитските бунтовници Хутите да ги ослободат освоените територии и да ги повлечат своите сили.

Чичек изјавата ја даде еден ден откако Советот за безбедност на Обединетите нации ја усвои резолуцијата, со која се бара од Хутите да се повлечат од јеменските зони, кои ги освоиле и со која се воведуваат санкции кон нив, меѓу кои и ембарго на оружје.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија