Олга Панкина од Русија и Јасмина Мима Васиљевиќ од Србија рамноправно ја делат наградата „Арт Феникс“ за најдобри ликовни дела на тема „Жена“ на конкурсот на издавачката куќа „Феникс“ и фондацијата „Македонија презент“.
На конкурсот пристигнаа голем број ликовни прилози, а во најтесна конкуренција за наградата „Арт Феникс“ беше и Драгана С. Весовиќ од Србија.
До 15 мај годинава треба да се испратат ликовните прилози на тема „Град“ на конкурсот за наградата „Арт Феникс“.