Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во Кипар, соопшти сеизмолошкиот центар во земјата.
Потресот бил почувствуван на целиот средоземноморски остров, а најмногу во реонот на пристанишниот град Пафос.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета, туку само е предизвикана паника меѓу населението.
Епицентарот се наоѓал во морето на осум километри северозападно од Пафос. Според некои медиуми земјотресот бил на длабочина од 25 километри под земјата, а според други на длабочина од 10 километри под земјата.
До 12 часот биле регистрирани 10 последователни потреси со послаб интензитет.