Руски компјутерски експерт претставил начин за бришење на било која видео снимка од интернет сервисот Јутјуб.
Оваа демонстрација на Камил Хисматулин е објавена на интернет и прикажува како во рок од 30 секунди брише било која видео снимка откако ќе ископира дел од нејзината веб адреса.
Хисматулин не ја злоупотребил хакерска интервенција, туку се и пријавил на компанијата Гугл, која е сопственик на Јутјуб.
Овој компјутерски експерт во шега изјавил дека бил во искушение да ги избрише музичките видео спотови на пејачот Џастин Бибер.
Хисматулин изјавил дека Гугл многу брзо одговорил на неговата порака и бил награден со пет илјади долари.
Безбедносниот пропуст бил отстранет во рок од неколку часа.