КК Работнички достави жалба до Арбитражна комисија

Од:

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички смета дека неоправдано е исклучен од Суперлигата и најави преземање на неопходни мерки за докажување на како што велат нивната правичност околу одлуката да не настапат на натпреварот против КК Карпош Соколи.

„По последниот развој на настаните КК Работнички ќе ги преземе сите неопходни мерки да ја докаже правичноста на својата одлука да не го одигра натпреварот против КК Карпош Соколи.

Имено како што веќе е наведено во жалбата која ја доставивме до Арбитражната комисија при МКФ, КК Карпош Соколи не ја заврши пререгистрацијата во акционерско друштво до почетокот на Супер лигата и со тоа го губи правото да учествува во истата“, се вели во соопштението на КК Работнички.

„КК Работнички покрај Арбитражата ќе покрене обвиненија против сите оние кои учествувале и продолжуваат да учествуваат во прекршување на Законот за спорт и кои му дозволиле на КК Карпош Соколи незаконски да биде дел од Супер лигата.

Според член 49.3 од Пропозициите за натпреварување, натпреварот, односно колото не може да биде регистрирано се додека не се исцрпат сите правни инстанци, а со тоа не може да се отпочне со второто коло од Супер лигата бидејќи во тој случај екипите кои ја сочинуваат истата немаат ист третман.

Уште еднаш, ги повикуваме надлежните лица да не потпаѓаат под влијание на едно или две лица кои ја третираат Македонската кошаркарска лига како нивна приватна сопственост.

Секој оној кој го крши Законот или свесно сака да и наштети на Македонската кошарка и спорт, треба да биде свесен за последиците.

Ги повикуваме сите љубители на спортот и поддржувачи на најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија да застанат отворено во поддршка на КК Работнички во борбата за  правдата и еднаквост во спортот“, велат, преку соопштение, КК Работнички.

 

 

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос