Дачиќ: Некои членки на ЕУ и поставуваат нови услови на Србија

Од:

Меѓу ЕУ и некои земји-членки на Унијата постојат разлики околу условите што треба да ги исполни Србија за започнување на преговорите по поглавјата од договорот за членство, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

– Јавно искажаниот став на ЕУ е дека услов (за преговорите) е целосно спроведување на Бриселскиот договор, но некои земји-членки имаат дополнителни услови што не се споменати во оваа спогодба, изјави Дачиќ на прес-конференција во Белград по средбата со министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак.

Дачиќ, како што јави Танјуг, нагласи дека при неодамнешната посета на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини на Белград побарал од неа да прецизира што уште треба да направи Србија кога е во прашање Бриселскиот договор.

– На прашањето што уште не е имплементирано (од Договорот) по вина на Србија, од Делегацијата на ЕУ одговорија: „Ништо“, рече Дачиќ.

Меѓутоа, според него, сега исполнувањето на 11-те точки што неодамна ги усвои германскиот Бундестаг се поставуваат како услов за согласност на Германија за започнување на преговорите по некои од поглавјата од договорот за членство на Србија.

– Тогаш како нема нови услови? Нека кажат дека тоа се нови услови, истакна Дачиќ, додавајќи дека тоа не е ништо ново, бидејќи оваа пракса се применува со години наназад.

Но, според Дачиќ, Србија повеќе нема да се согласи со таквата пракса и ќе игра со отворени карти.

– Ние ги извршивме сите обврски и не дозволуваме некој да си игра со нас, потенцира Дачиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ