Нулта инфлација во Велика Британија и во март

Од:

Стапката на инфлација во Велика Британија во текот на март, како и во февруари, остана на нула, соопшти денеска британското државно Биро за статистика.

Ваквото движење во британската економија е резултат цените на облеката и на обувките, кои во третиот месец од годината беа поевтини, како и на продолжување на трендот на евтина нафта.

Станува збор за најниското ниво на потрошувачките цени од осумдесетите години на 20 век, кога во Велика Британија почна следењето на движењето на овие цени. Тоа се објаснува со неизменетите цени на бензинот и на дизел горивото во март и февруари.

Ваквата состојба со британската инфлација е сосема различана од прогнозоте на Банката на Англија која за целата оваа година предвидуваше инфлација од два отсто.

Дел од домашните економски и финансиски експерти предупредуваат дека не би требало да постои задоволство од отстуството на инфлацијата, затоа што тоа, според нив, би можело да ја одведе земјата во состојба на дефлација, налик на онаа во Јапонија, која предизвикува стагнација на економијата.

– Инфлацијата би можело да почне да се качува во втората половина од годината, кога економијата треба да се ослободи од влијанието на ниските цени на нафтата, изјави Реин Њутон-Смит, директор за економија на бизнис групата при Комората на британската индустрија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство