(ВИДЕО) Заев: Како сега да очекуваме разрешница низ партизираниот правосуден систем?

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по објавените снимки за местенките на партиски кадри во судството и обвинителството праша-како е можно да се очекува разрешница низ партизираниот правосуден систем

-Не е можно да се дојде до правда – тоа денеска слободно можеме да го кажеме. Слушнавте како законодавната и извршната власт се заплеткале во судската власт.

Додека афера врз афера ја тресат нелегитимната Влада на Груевски, додека сите очи на домашната и меѓународната јавност се вперени во правосудството во Македонија од коешто се бара транспарентност и непристрасност, Груевски ја продолжува дрскоста со поставување луѓе во судството и во обвинителството, а последен пример е поставувањето претседател на Судскиот совет под негова контрола.

Ова нека биде пораката дома, во нашава земја и во светот. Оваа власт не смее повеќе да владее во Македонија, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски

Експлодира бомба во Загреб, оштетени се два објекти, нема повредени

Горан Наумовски

Фрлена експлозивна направа во авто-перална во СКопје

Повторно дојави за бомби во скопски училишта, се евакуираат учениците

Катерина Ѓуровски

Дојавата за бомба во скопска гимназија е лажна, превентивно се евакуирани и други училишта