Слушнете кој е актуелниот претседател на Судскиот совет Бранко Ушковски. Дека тој бил човекот кој “едвај го поминале низ општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ за да стане член на Судскиот совет“, а пред две недели го направија претседател.
Дека член на Судскиот совет станал по предлог на Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски, се сеќавате, главната фигура преку којашто Груевски доаѓа до парцелите на Водно. За Бранко Ушковски разговараат Трајко Велјаноски и Гордана Јанкулоска, па самиот Велјаноски вели дека овој човек “Нема врска со судството“, а Јанкулоска признава дека “Не го ставиле таму зашто е најубав“, рече Заев на прес конференцијата.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски
ТВ: Ама овој Ушковски сеа до вчера ние како да кажам…
ГЈ: Абе Ушковски ти го помина на Собрание сега…
ТВ: Абе не да го поминав уште ќе не тепаат, дека …како да кажам…нема ништо врска со судство го ставаме во Судски совет…
ГЈ: Општински со се поминато партиски…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Трајко Вељаноски
ГЈ: Кој ни го предложи, да не беше од…
ТВ: Чаир бе Чаир, Ристе, Ристе…
ГЈ: А така да да…
ТВ: …и премиерот му се јави на Ристе …
ГЈ: Ристе Ристе Новачевски, така точно во право си…
ТВ: Му се јави премиерот дали…
ГЈ: Да човекот у ЦУК МУК некаде таму работеше, точно во право си…
ТВ: Да…
ГЈ: И го избуткавте…
ТВ: Од општинскиот од Чаир, од општинскиот…
ГЈ: Абе како може така ние не сме го стаиле зошо е најубав таму…