Лидерот на СДСМ објави снимка за која посочи дека е помеѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска, каде Мијалков бара само вработување на 1000, а потоа на 400 луѓе само за оператива.
Мијалков во еден наврат бара 1000 вработувања, па најмалку 400-тини вработувања… без јавен оглас, без процедури. Тоа Мијалков го бара, затоа што, како што вели “не можеме да ги работиме ни камерите, ни хеликоптерите, ни друго, овие суштества“, мислејќи на набавената опрема во УБК. Се сеќавате на скандалот што го обелоденивме со опремата и провизиите што ги примил Мијалков само да ја донесе таа опрема во Македонија, за којашто сега нема кадар, посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: И уше една работа да те искористам на телефон, нели ти и премиерот сте збореле за вработувања нови у МВР…
СМ: Да …
ГЈ: За која бројка зборевте? Пошо има еден заклучок од Влада сите да си ги потребите, кај нас…
СМ: Види јас на извршен не знам дали слушна ти коа ја кажав бројката…беше ти хахаха… ја му кажав илјадарка
ГЈ: Ја ја слушнав ама не знам дали таа реално има шанси годинава да ја реализираме…
СМ: Па таа реално не ама мора да тргнеме од некоја нереална за да дојдеме до реална
ГЈ: Ја знаеш како размислував…
СМ: Нели знаеш дека таква е работата со нив… хахаха
ГЈ: Види ја ја знам работата ама затоа да се преслушам со тебе. Ја гледам годинава ни одат вкупно 240 луѓе у пензија, мислам дека без проблем ние 300 нови може да примиме годинава.
СМ: Види Горде нас ни треба само за партијава сеа многу луѓе. УБК идат многу луѓе у пензија, оперативата ни е многу опадната а работата т.е обемот на работа многу зголемен…
ГЈ: Е зголемен, да…
СМ: Со ова знаеш со овие…
ГЈ: Да де да…
СМ: Суштествава….
ГЈ: Све што си има даа…
СМ: Така да ги наречам да, ние мораме мораме да напраиме оператива, што значи мене едно 100 души само за УБК ќе ми требаат само за оператива, да знаеш…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
ГЈ: Ало?
СМ: Горде?
ГЈ: Еј кажи?
СМ: Вака сеа, ова другава работа. Вчера зборев и со премиерот, он договорил со Зоки за 400 вработувања…
ГЈ: Па да пуштиме барање…
СМ: Е сега, овие првите 100 што се за во УБК, за тоа пуштено е тие можеме одма да ги реализираме
ГЈ: Да да тие..
СМ: Да му се јавиш на Зоки и да ги вадиме… оти знаеш зашто, голем дел од нив 2-30 души нели праиме отварање на 7 мај, у понеделник е тоа за недела дена…
ГЈ: Епа јас тоа сакав да видиме дали да праиме…
СМ: Не може да праиме отварање а таму нема ни еден чоек.
ГЈ: Види да се договориме дали да го праиме тоа у контекст на другиве работи знаеш…
СМ: Види луѓето нас ни се спремни и они можат да дојдат и да си седнат на столчињата без да бидат официјално вработени…
ГЈ: Така…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков
СМ: И знаеш што не можеме да ги работиме ни камерите, ни другите работи…
ГЈ: Па да бе да…
СМ: Ни леталата, ни хеликоптерите, ништо не можеме да работиме без овие луѓе…
ГЈ: Абе сме го праеле муабетот…
СМ: Ни техниката, инженери ни требаат ни…значи катастрофа сме, ни оперативци иаме
ГЈ: Ние вложивме…
СМ: …Следење ни отидоа луѓе, репродукција ни отидоа луѓе, значи неопходни ни се овие луѓе, неопходни, не можеме да работиме…
ГЈ: Абе ние вложивме толку пари у опрема, и ако немаш луѓе џабе ја имаш опремата, така…