Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор помеѓу Гордана Јанкулоска со Мартин Протуѓер, кај да се вработи партиски шофер на Протуѓер.
До каде оди апсурдот на партизирањето на `се што постои, открива еден разговор на Протогер и Јанкулоска. Протогер бара од главниот кадровик Јанкулоска, работно место за партискиот возач, кој треба да се води вработен ама да не оди на работа. Јанкулоска, послушајте, предлага дека тоа може да биде и во возниот парк кај “неа“, мисли на министерството, нели, и додава дека со шефот на возниот парк во МВР ќе можеле да бркаат “партиски работи“. Ова е класична потврда дека не само луѓе туку и сите државни ресурси, во случајов возилата на МВР, се ставени во функција на партијата, рече Заев.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер
МП: Ова човечево сега, во штаб што ги возеше комбињава, што ги одржава колите, не го знам што е како е, на мене ми го дадоа шофер да ми биде. Ја не го користам, но тука ги средува колите, трча, праи, пак е тука, знаеш. Сега треба да го вработиме негде. Кај да го вработам бе?
ГЈ: Па да го стаиме у СОЗР, ако тие работи работи, шофер, ова-она. А?
МП: СОЗР а?
ГЈ: Не знам шо човек е, мислам не знам ни за кое чоече ми збориш ама…
МП: Абе еден партиски, сега јас не го знам, како да ти кажам.
ГЈ: Не од аспект на партиски, него дали, ама кај и да го вработиш он треба пак таму да ја работи работата. Пак треба да е негде кајшто ќе може да не оди на работа.
МП: Мхм.
ГЈ: Мислам СОЗР му е ок. Па после ако нешто треба, полесно е ако е влезен у институција да го разместуваме наваму-натаму.
МП: Аха. А после ќе може кај тебе да се размести или не?
ГЈ: Абе кај мене ќе треба да оди на работа.
МП: Каква работа е тоа?
ГЈ: Или да го стаиме…па нешто, да куца картица негде треба, така? Ха ха…
МП: Е добро де ќе куца негдека
ГЈ: Или да го стаиме кај мене у возен парк. Па може и кај мене по некоја работа да подзавршува и за у штаб. И така на возен парк началникот ни е…
МП: Он мене ми е, мене ме вози човекот.
ГЈ: Епа добро де ама не те вози секој ден. Така?
МП: Не, не ме вози ниеднаш он, у денот. Не само секој ден, него ниеднаш не ме вози.
ГЈ: Епа така де.
МП: Ниеднаш ме нема возено. Уставри еднаш ме возеше и се изгубивме.
ГЈ: Ха
МП: Најозбилно
ГЈ: Не, евентуално може кај мене у возен парк да го стаиме. И така таму началник е Влатко, од Чаир, од Општински, што беше на УМС претседател, така да за партиски работи нема да биде никаков проблем да брка.