Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави снимки за кои посочи дека се доказ како Никола Груевски лично вработува и во УЈП.
Груевски, замислете, не дава ни неговиот друг извршител Горан Трајковски од УЈП да процени кој може да биде вработен во УЈП. Трајковски ќе примал ургенции, а Груевски бара од Јанкулоска да исчисти терен тие ургенции да одат преку него и неговите луѓе, рече Заев.
ГЈ: Ало
ЛС : Ало
ГЈ: Е кажи Ленo…
ЛС: Горде извини ама претседателот ми рече.. тука ми прати едно за потпис ми рече прашај ја Горде јави и се, аа за одбор за контрола на материјално финансиско работење на јавната установа национален парк Галичица Охрид
ГЈ: Доброо…
ЛС: Кој ги предложил овие?
ГЈ: Општински комитет, Кире има од сите точно кој ги… листа, значи таму се повеќе одбори и пишува кој од кој Општински комитет е предложен…
ЛС: Ааа, Горан Поповски, Весна Јаневска и Ѓоко Манасиевски…
ГЈ: Не ги знам Лено мислам поима неам дали се наши…
ЛС: Значи Кире да го прашам…
ГЈ: Кире има листа, пошо ја знам дека стално прашува премиерот и му дадов вчера ливче кај шо пишува за секој одбор, беа три ми се чини, за Галичица беа тројца за другите по еден ако добро се сеќавам и точно пишува од кој општински комитет е предложен…
ЛС: Добро, добро…
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Горде
ГЈ: Да
НГ: Како си? А на Влада си…
ГЈ: Добро еве на Влада, да…
НГ: Види кај Наташа треба уше 5 инженери градежни нискоградба…
ГЈ: Ау, знам претседателе за тоа и бараме ама некако тенки сме искрено да ви кажам…
НГ: Знаеш што пушти ти до сите штабови…
ГЈ: Да да да
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски
НГ: Горде ме слушаш?
ГЈ: Ало?
НГ: Ме слушаш Горде?
ГЈ: Да да сеа ве слушам прво нишо не се слушаше…
НГ: Ааа така…
ГЈ: Затоа викам ало ало повеќе пати…
НГ: Извини вака шо ти се јавувам…
ГЈ: Нема проблем…
НГ: …Колку луѓе ќе бидат примени во УЈП?
ГЈ: Мислам 30-тина дека беа…
НГ: 30-тина а?
ГЈ: Да поголем конкурс беше сеа може се 20 и неколку ама поголем…
НГ: А кој ги праи интервјуата таму?
ГЈ: Епа интерна комисија од кај Горан…сеа не знам кој…
НГ: Па како они можат да оценат кој е најдобар?
ГЈ: Не не во стручниот дел значи… во тој нивниот стручен дел, они поминуваат нели административна проверка исполнува не исполнува…
НГ: Горде познавајќи го Горан кој најмногу ќе му ургира, ќе му врши притисок од нашиве тој ќе помине, одма да ти кажам вака…не знам ти колку го знаеш Горан ја си го знам добро. Така да предлагам да земеме ние една екипа да напраиме да ги напраи интервјуата и готово, економисти се разбира…
ГЈ: Да де да не е проблем оти ние…
НГ: Ние пак ќе им даеме предност на нашите ама кои наши е друго прашање така?
ГЈ: Да де да епа баш заради тоа, ја сеа малку по порака не можев нели чоек ептен детално да објасни,значи ние заради тоа 2000 кандидати беа, сеа нормално од комитетиве ги рангирале не е секогаш критериумот стручност и баш заради тоа му даваме листа значи од 5 наши…