Суслина: Не сакав да биде Будуќност, ова ќе биде најтешкиот натпревар

Од:

Вардарки повторно во полуфиналето од Лигата на шампионките ќе играат против Будуќност, со кого играа и лани во Будимпешта, кога не успеаја да обезбедат финале.

Заеднички со новинарите раководството на клубот, стручниот штаб и дел од ракометарките го следеа извлекувањето на полуфиналните двојки.

– Да бидам искрена не сакав да биде Будуќност. За нас како и минатата година ова ќе биде најтешкиот натпревар, изјави голманот Ина Суслина.

Ист став има и Татјана Хмирова, која поголемиот дел од сезоната го пропушти поради повреда, но сега е во тимот.

– Не сакав да играме против Будуќност, сакав тоа да биде Динамо. Минатата година не успеавме да ги добиеме, но овој пат имаме шанса да покажеме дека сме квалитетна екипа имаме доволно време за подготовка, изјави Хмирова.

Тренерот Индира Кастратовиќ потенцираше дека тимот има доволно време за подготовка.

– Имаме три и пол недели за подготовка. Се надевам дека оваа година ќе биде поинаку од лани. Девојките подобро се познаваат. Имаме време за анализа, одиме на победа. Ако треба груба игра, ќе покажеме и група игра, не се плашиме од Будуќност, рече Кастратовиќ.

Во другото полуфинале ќе играат Ларвик и Динамо Синара.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 9 мај во термините 14:15 часот и 16:45 часот во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта, а следниот ден се дуелите за пламан: за трето место 14:30 часот и финалето во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска