Скопјанец криумчарел мигранти од Сирија

Од:

Во текот на денешниот ден МВР ќе поднесе поднесена кривична пријава до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, против лицeто С.Ј.(40) од Скопје, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што денеска соопшти МВР, пријавениот со шлепер со скопски регистарски таблици се обидел да прокриумчари група мигранти, кои од Грција преку Македонија, требало да се прокриумчарат кон Србија, со крајна цел некоја од западноевропските земји.

По претходно добиени информации, од страна на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал биле преземени оперативно тактички мерки за запирање на возилото, по што денеска во 07,30 часот, од страна на полициски службеници од сообраќајната автопатска полиција шлеперот бил запрено на подрачјето на Велес, поточно во близина на раскрсницата од Скопје – Велес – Штип. За време на вршење на контрола над возилото, од страна на мигрантите била исечена церадата на приколката, по што дел од мигрантите се дале во бегство.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, пронајдени и фатени се 15 мигранти од Сирија, од кои 11 возрасни и четири деца.

Од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на останатите мигранти и целосно расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски