Предавање на професорот Ендру Вилсон од областа на римската археологија

Од:

Професорот Ендру Вилсон од Универзитетот во Оксфорд, кој се смета за водечко име во областа на римската археологија, денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе одржи предавање насловено „The Archaeology of Economic Institutions“.

Професорот Вилсон во Македонија ќе престојува до 18 април и освен денешното ќе одржи уште неколку други предавања на Филозофскиот факултет, но и во Археолошкиот музеј на Македонија во петок заедно со професорката Драгана Младеновиќ од Универзитетот во Единбург и Ине Џејкобс од Оксфорд.

Предавањата на професорот Ендру Вилсон се овозможени со поддршка на Фондацијата „Кирил Трајковски“ од Лондон.

Би можело да ве интересира

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

Египет ги изложи неодамна откриените артефакти стари 2.500 години

Предраг Петровиќ

„На север од егејскиот свет“ – нова книга на археологот Драги Митревски

Минатата година се зголеми македонското археолошко богатство, а науката доби лабораторија за прецизирање на фактите

Ана Ололовска

Конференција за предисториска археологија „Предисторија на Балканот“

Ана Ололовска

Завршија овогодишните истражувања на Градиште-Бислим кај кумановското село Пчиња

Ана Ололовска