Бројот на Сиријци кои ги уапсила полицијата во Австрија минатата година, во споредба со 2013 година, е десет пати поголем, се вели во извештај на Криминалистичката служба на Австрија.
До 12.000 евра мора да плати еден Сириец за да биде префрлен од својата држава илегално до Австрија, а едно семејство „чини“ најмалку 30 илјади евра.
И покрај големите суми, лани полицијата уапсила 9.083 лица од Сирија кои илегално влегле во Австрија. Во 2013 година таа цифра била – 847.
Вкупно, полицијата лани успеала да открие 34.070 илегалци што е пораст за 24 отсто во споредба со 2013 година. Покрај Сиријци, зголемен е и бројот на илегалци од Ирак, Сомалија, Еритреја, Косово. Намален е бројот на илегалци од Пакистан, Руска Федерација, Индија, Алжир и Мароко.