Средношколски пленум го објави своето прво видео, во кое ги објаснува своите барања и својата борба, а потсетува и на мапата на која се наведени средните училишта кои се вклучија во бојкотот на наставата, во знак на протест против лошите реформи на средното образование.
Пленумот исто така го презентираше и одговорот што го добил од Народниот правобранител.