Семејствата на четирите убиени момчиња на Смилковското Езеро денеска на тригодишниот помен од грозоморниот масакр запалија свеќи на местото на убиствата, јави 24 Вести.
Најблиските на убиените велат дека се разочарани и револтирани од институциите, бидејќи велат дека се сомневаат дека се крие целата вистина за злосторствата. Родителите бараат и да се забрза екстрадицијата од Косово на двајцата осудени за масакрот.