Градежен работник од Тетово тешко повреден по пад од објект во градба

Од:

Ш.И. (47) од Тетово денеска се здобил со тешки повреди на главата и скршени вратни пршлени по пад од висина од околу четири метри додека работел на балкон на објект во изградба на улицата „146“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски, повредениот во бесознание и со здобиените тешки повреди околу 10:10 часот бил донесен во Клиничката болница во Тетово од каде по укажаната лекарска помош останал во бесвесна состојба и како итен случај бил испратен на скопските клиники.

Полицијата изврши увид на местото од инцидентот, каде утврди дека Ш.И. работел заедно со уште едно друго лице од Требош на објектот кога од засега неутврдени причини загубил рамнотежа и паднал на земја од висина од околу четири метри. Се работи на утврдување на околностите како и зошто Ш.И. паднал и се здобил со сериозните повреди, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип