Во Париз, седиштето на организацијата, се одржува редовната седница на Извршниот одбор на УНЕСКО.
На ова пролетна сесија се расправа за бројни теми, од исклучителна важност за организацијата, за бројните програми од областа на културното наследство, модерните комуникации и образованието, како и за актуелните збиднувања во конфликтните региони на светот, каде што се уништува културното наследство.
Амбасадорот на Република Македонија во Франција, Агрон Буџаку, првите три дена на работа на ова сесија на УНЕСКО претседаваше со најсложениот Комитет на организацијата, Комитетот за конвенции и препораки, во кој се расправа и за чуствителните теми за човекови права.
Македонскиот амбасадор две години го раководеше Специјалниот Комитет, раководи со втората Електорална група и е еден од потпретседателите на Генералната Конференција, највисокиот орган на УНЕСКО.
Република Македонија е членка на Одборот (еден од Управните органи на Унеско) од ноември 2011 година, со четири годишен мандат.