Жител на американската држава Канзас, со име Џон Букер-Јуниор, е уапсен бидејќи планирал да изврши самоубиствен напад со автомобил-бомба во американската воена база Форт Рајли.
Против осомничениот маж денеска ќе бидат поднесени обвиненија во суд во округот Топека поради обид за употреба на оружје за масовно уништување.
Џон Букар-Јуниор е уапсен утринава и доколку биде прогласен за виновен може да добие доживотна казна затвор.
Во минатото тој неколку пати изјавувал дека сака да се посвети на џихадот. Нападот со автомобил-бомба врз американската база тој го планирал како израз на својата поддршка кон Исламска држава.