Проект „Градот, кој (не) спие” во Струга

Од:

Повеќе од 15 архитекти, дизајнери, урбан планери и креативни професионалци од други области кои доаѓаат од најдобрите европски универзитети, од денеска до 30-ти овој месец ќе учествуваат во проектот – Урбана резиденција „Градот, кој (не) спие”, кој ќе се реализира во Струга.

Проектот е во организација на Асоцијацијата „Креативни и Активни“ со поддршка од Фондот за култура и развој „Prince Claus“ од Холандија, а во соработка со општина Струга.

Проектот, како што велат организаторите, има за цел да создаде предлог долгорочни проекти за трансформирање на запоставени јавни места како простор, за поудобно и поатрактивно место за живеење.

Тимот на „Креативни и Активни“ работеше да се создаде предизвикувачки проект кој ќе се фокусира на три столба: Развој на долгорочна културна платформа; Ре-евалуација на градскиот плоштад како јавен простор и Интервенција за предлози за велосипедски патеки.

– „Градот кој (не) спие“ ќе ја отвори првата од серијата проекти за развој на заедницата, ќе поттикне претприемничкото размислување, дискусија и предлагање за визија на градот, ќе промовира процес на учество на граѓаните во креирањето на политиките и ќе организира форум за меѓународна соработка за правото на градот за зголемување на квалитетот на животот, вели организаторот.

Овој вид на пристап ќе зајакне одредени елементи во процесот на имплементација на проектот, но неговата најјака страна ќе биде влијанието на граѓаните по имплементација на проектот и тенденцијата што тоа ќе генерира.

– Целта на проектот е да се предвиди како градот дише и што е она што им е потребно на граѓаните, како и да предлага нови концепти на урбани простори за развој на еко зелен град. Преку моделот – градот на граѓаните, жителите ќе се стремат да создадат иновативни решенија кои постојано ќе се развиваат, ќе се учат и ќе воведат нов концепт на одржлив град, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Двојазичниот избор „Златен круг на времето“ од Ацо Шопов промовиран во Љубљана

Победничката на UpBeat – Best New Talent Award на фестивалот Звукот на Скопје

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

MINТ Fintech Group – сребрен партнер на Интернационалниот фестивал на филмската камера Браќа Манаки

Предраг Петровиќ

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал