Глувци предизвикале хаос во бразилскиот Конгрес

Од:

Расправата во бразилскиот Конгрес за големиот корупциски скандал на нафтениот гигант „Петробрас“ била на кратко прекината кога засега непознато лице пуштило во салата глувци, што предизвикало општ хаос.

Глодарите биле пуштени за време на обраќањето на членот на владејачката Работничка партија, Жоао Вакари Нето, кој е еден од 27-мината луѓе кои се обвинети за корупција и перење на пари во рамки на аферата во нафтената компанија, која изби пред 13 месеци. Пуштањето на глувците предизвика паника меѓу политичарите и новинарите.

Обезбедувањето веднаш го исфрлило од салата лицето одговорно за овој инцидент, чиј идентитет не е откриен. Глувците биле брзо фатени и расправата повторно продолжила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск