Основачот на компанијата „Ханерџи“, која работи на производство на соларни ќелии од тенок филм, Ли Хеѓун е најбогатиот човек во Кина.
Според податоците на Руперт Хуџверф, лидерот на компанијата за истражување на богатства во Кина „Хирун Рипорт“, се проценува дека богатството на Ли изнесува околу 26 милијарди долари.
Што значи дека го надминал основачот на порталот Али баба, Џек Ма чие богатство се проценува дека изнесува околу 25,5 милијарди долари. Во интервју за ЦНБЦ, Хуџверф рекол дека Ли, Џек и Ванг Ѓијанлин од „Ванда група“ се големата тројка на кинеската листа за најбогати личности.
-Тие можеби меѓусебно ќе си ги заменат местата, но дефинитивно сите тројца се на врвот-рекол тој.
Инаку доколку се земат во предвид и административните региони Хонг Конг, Макао и Тајван, Кина официјално ќе има 478 милијардери, но Хуџверф тврди дека тој број е околу 1.200.
Според наводите кинеските богаташи се трудат да го сокријат своето богатство од власта, бидејќи строгите мерки против корупција довеле до апсење на илјада богати Кинези од кои повеќето се обвинети за кражба и измама, а некои дури се осудени и на смрт.
Е.Г.