Германскиот производител на автомобили „БМВ“ ќе упати повик за вонреден сервис на адресата на околу 80 илјади купувачи на нивниот автомобил заради два одвоени проблеми – можен дефект на каблите во моторот и во пумпата за гориво.
Со отповикот се опфатени 53.310 возила „БМВ Х3“, произведени меѓу октомври 2011 и декември 2013 година, што биле увезени на кинескиот пазар.
Кинеското надзорно тело за квалитет на производите и инспекција (ASDIQ) укажа дека постои опасност на моторите од автомобилот да дојде до кратка врска на каблите и прекин во напојувањето со струја, што на крајот може да доведе до несреќа.
Во одвоено соопштение на овој регулаторен орган, се наведува и дека се повлечени уште 26.418 возила од марката „БМВ“ и неговите локални партнери, произведени во Кина во периодот меѓу јуни 2012 и март 2014 година.
Не е наведено кои модели се опфатени со ова отповикување, а возилата ќе мораат на вонреден сервис заради проблемот со пумпата за гориво што може да предизвика пожар.