Вардар подготвен за најважниот натпревар сезонава

Од:

Македонскиот вицепрвак Вардар в сабота е домаќин на полскиот првак Киелце во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Лигата на шампионите.

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес за овој меч вели дека е најважниот во досегашниот тек од сезоната.

– Ни претстои најважниот натпревар сезонава. Сакаме да се пласираме на „фајналфор“, меѓутоа играме со голема екипа каква што е Киелце. Според мене овој тим заедно со Барселона и Кил се меѓу најдобрите во Европа. Имавме доволно време да се подготвиме, но ова е само прв натпревар, 60 минути кои се играат во Скопје, второто полувреме е во Полска. Мора да играме максимално концентрирано во текот на целиот натпревар. Играме на наш терен, а знаеме каква е атмосферата во Скопје, изјави Гонзалес.

И капитенот Филип Лазаров очекува многу задача да се помине  последната пречка пред завршниот турнир.

– Стигнавме до последниот чекор кој по правило е најтежок. Киелце е на ниво на Барселона и Кил и според играчкиот кадар и според квалитетот на тренерската позиција. Ќе се обидеме да ја повториме најдобрата партија и да извојуваме победа која што ќе не остави во игра за полуфиналето, истакна левиот бек на Вардар.

Натпреварот Вардар – Киелце почнува од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ