Иранскиот претседател Хасан Рохани ја повика денеска Саудиска Арабија да го запре двонеделното бомбардирање на позиции на Хутите во Јемен наведувајќи дека државите од регионот би требало да работат на тоа спротиставените страни да ги донесат на преговарачка маса.
– Голема нација како што е Јемен нема да може да поднесе бомбардирање. Дојдете сите да размислиме за прекин на војната. Да размислиме за прекин на огнот и да ни дозволите да ги доведеме Јеменците на преговарачка маса за да донесат одлуки за својата иднина, изјави Рохани.
Саудиска Арабија и четири други држави од Заливот презедоа воздушни напади против Хутите кои се сојузници на Иран. Иран негира американски обвинувања дека ги вооружува Хутите во Јемен.