Ципрас: Треба да се изостават санкциите

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, изјави дека санкциите треба да бидат изоставени.

– За да се надмине таквата длабока криза (во Украина) треба да се изостави порочниот круг на санкции. Важно е да се обезбеди мир и стабилност во Украина и сите страни да ја поддржат реализацијата на Договорот од Минск, посочи Ципрас.

Путин посочи дека Грција не побарала финансиска помош од Русија, но оти кредитите во рамките на соработката меѓу двете земји се возможни.

– Ако ние, на пример, реализираме некој голем проект, кој ќе донесе приходи на Грција, тоа значи дека со тие приходи може се испалатат тие кредити, кои денеска ги спомнавме. Значи не станува збор за помош туку за соработка и во финансиската сфера, поврзани со конкретни крупни проекти, потенцира Путин.

Тој додеде дека Русија е заинтересирани за инвестирање во Грција, пред се во инфраструктурата – пристаништа, аеродроми, гасоводи.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица