Уставниот суд на денешната седница изрази сомнеж и поведе постапка за оценување на уставноста на член 81, став 4 од Законот за лековите и медицинските помагала. Оваа законска одредба предвидува „основач на аптека да може да биде само лице со завршено високо образование од областа на фармацијата или трговско друштво во форма на трговец поединец ДОО или ДООЕЛ, чии основачи се лица со завршено високо образование од областа на фармацијата“.
Дилемата на Судот е зошто основачот на аптека мора да има завршено високо образование од областа на фармацијата, бидејќи ги стеснува можностите кој да биде основач на аптека.
Судот не поведе постапка за иницијативата поднесена на член 28 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните.
Со овој член се регулира кога не може да се спроведе референдум на државно ниво. Според Судот иницијативата е неоснована, односно овој член не може уставно да се проблематизира.