(ВИДЕО) Еве како се нарачува лустрација кај Томе Аџиев

Од:

СДСМ објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на факти, како договараат постапка за лустрација. Лицето кое бара Милошоски да биде поведена постапка е судија од Кичево, и тоа затоа што правел големи проблеми за власта во Кичево.

Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е, и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево, вели Милошоски, а Томе Аџиев одговара:

-Ќе го спроведеме ние.

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

АМ: Здраво живо Томе, Антонио Милошоски е на телефон.

ТА: Е здраво, здраво

АМ: Значи јас обезбедив човек да ги напише да ги пополни тие формуларите за едно лице е сега утре каде кого да ги достави на пријавница

ТА: Службите, ќе дојди кај нас ќе ги примат луѓево

АМ: Ќе ги примат?

ТА: Не е проблем

АМ: Бидејќи тој не е, дојде од Кичево потпиша и замина нема да биде во Скопје. Дали може да ги донесе друг?

ТА: Може, зошто да не.

АМ: Може? Епа добро

ТА: Нека му ги дае на Билјана, Билјана ќе ги спроведи во архивата и нема проблем. Ќе му даи примерок дека е примен и готово.

АМ: Да, на Билјана еден примерок да и даде.

ТА: Нека му дае и готово ќе ги спроведе, не е проблем тоа.

АМ: Да, а отворено да ги даде да чукнат во архива дека се примени така?

ТА: Да де да, не е ич воопшто не…

АМ: Добро важи.

ТА: Нема проблем.

АМ: Важи, благодарам, поздрав, пријатно.

ТА: Поздрав пријатно

Разговор помеѓу Антонио Милошоски и Томе Аџиев

ТА: Молим

АМ: Томе, здраво живо Антонио Милошоски е.

ТА: Здраво, здраво

АМ: Шо праиш добар си?

ТА: Добро добро еве сега нешто…

АМ: Со полна пареа сега.

ТА: Ха ха ха

АМ: Ха ха ха ха

ТА: Се загреваме…

АМ: Колку шо се може добро е. Денеска бил човеков и ја поднел

ТА: Е па добро, ало

АМ: Ало

ТА: Ало, прекина нешто телефонов

АМ: Аа ме слушаш Томе?

ТА: Да сеа слушам, слушам…

АМ: Значи човекот се вика Живко Туфегџиев, од Кичево е и поднел иницијатива за сомнение за судијата Драги, Драги Билевски од Кичево

ТА: Така

АМ: И многу големи проблеми ни прави, дел од корупцијата во градот…

ТА: Ќе го спроведиме, ќе го спроведиме ние

АМ: Колку шо може побрзо, ќе ни биде покорисно

ТА: Ќе го пуштиме сега веднаш со сите…

АМ: Да. Важи добро

ТА: Така

АМ: Поздрав голем, се најдобро.

ТА: Ајде поздрав пријатно.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски