(ВИДЕО) Професорки станувавме да идат во Канал 5, а сега комуњаркана Ременски ја ставиле продекан

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не го поштедила ниту битолскот универзитет. Како министер Гордана Јанкулоска бара да се промени одлуката Фросина Ременски да биде избрана за продекан на Факултетот за безбедност, затоа што била најголем критичар на власта. Јавноста нека слушна како Кирил Божиновски го “пеглал“ ректорот Жоглев, рече Васко Ковачевски на прес- конференцијата на СДСМ во Битола.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски 

КБ: Ало

ГЈ: Шо праиш бе секретаре?

КБ: Добро бе, еве накај Владо идам, ти?

ГЈ: А, јас на работа па нешто да ти кажам се изнервирав, ти пуштив и порака…

КБ: Кој те нервира кажи сеа

ГЈ: Абе ти пишав не знам дали ја виде

КБ: Не, не

ГЈ: …на факултет за безбедност ја избрале за продекан онаа Фросина Ташевска Ременски, таа е член на Совет, не знам за политички односи на СДСМ. Најголем критичар на Владата, на МВР посебно..

КБ: За што ја избрале?

ГЈ: За проректор, продекан. Ама битна позиција е тоа

КБ: Тоа ги бира во самиот факултет така

ГЈ: Да да ама на Жоглев му реков некни, викам не е наша таа..

КБ: А чекај Жоглев е тоа?

ГЈ: Не, види Жоглев е ректор и сеа ректорот треба да ги менаџира тие состојби знаеш..

КБ: Не, одма ќе му се јавам да ја корегира работава…

ГЈ: Знаеш како се изнервирав, друга имаше уше една жена не знам таа може си е океј ништо не му реков за неа, викам оваа е комуњарка најголема. Ја имам мака со неа, такви пљукања Велија коа беше, вакви такви сме биле. Неколку професорки шо ние ги викавме знаеш од кревет ги станувавме да идат у Канал5, ваму таму… значи сеа жениве замолија им реков ќе видиме, ќе зборам, ќе се консултирам во партија и сеа ништо на луѓево и исполнуваат и услови и се, не сме им возвратиле а оваа што искачаше против нас заедно со Слаѓана Тасева не пљука на секој чекор, ние ја праиме продекан у наше време, мислам ми пукна филм, месец дена у Собрание….

КБ: Ццц, пред два дена беше кај мене го пеглав за истава работа да знаеш

ГЈ: Беше кај мене претходно и меѓудругото ми вика Кире ме викна ова, викам тоа терај си, те молам внимавај за ова да не ја утнеме работава комуњаркава да не ни влезе таму, пошо друга е таа позиција со студенти има работа, еее знаеш која е таа, шо ги организира протестиве на криминалистиве пред Влада, шо дава изјави

КБ: Аахаа

ГЈ: Таа е таа една со долга коса со репче… месец дена се расправам со неа у Собрание, пошо комуњариве као експерт ја викаат на собраниски комисии, мислам ми пукна филмот, магаре нека стаи ама она да не е…

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски