Грција не побарала финансиска помош од Русија

Од:

Грција нема побарано пари од Русија за да се справи со својот долг и финансиските проблеми и сака тие да се решаваат во рамките на Европската унија, изјави грчки владин претставник.

– Не сме побарале финансиска помош. Сакаме да го решиме нашиот долг и финансиските прашања… во рамките на еврозоната, изјави официјалното лице пред средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, претставникот на грчката Влада уште информира дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералната економска соработка, инвестиции и извозот, но јасно стави до знаење дека Грција ќе го стори тоа во рамките на ЕУ.

– Грција знае што да направи во рамките на ЕУ, но, исто така, секоја земја има суверено право да се грижи и да ги подобри билатералните односи, изјави тој.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц претходно го предупреди Ципрас да не ја прекршува линијата на Европската унија за санкции против Русија, во неговите средби со руските државници денеска во Москва.

– Грција бара и добива многу солидарност од ЕУ, па затоа ние можеме да побараме солидарност од Грција, и оваа солидарност да не биде откажана еднострано, изјави Шулц во интервју за германскиот весник „Минхнер Меркур“ кое го пренесоа грчките медиуми.

Шулц рекол дека ова јасно му е ставено до знаење на Ципрас во текот на неколку разговори.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин