Денеска, градоначалникот на општина Центар додели 25 решенија за легализација на објекти на улицата Белградска. Со ова, овие жители на Центар по долги години стануваат свои на своето.
Граѓаните се презадовлни од тоа што конечно по децениско талкање низ институционалните лавиринти, конечно – успеаа да добијат своја сопственост на објектите.
Мнозината од овие објекти се однесуваа на објекти изградени веднаш по земјотресот од 1963-тата година.
„Пред повеќе од 5 децении, јас сум родена во оваа куќа. Толку траеше и голготата на моето семејство за да си ја добиеме нашата куќа. Многу сум среќна и многу Ви благодарам“, рече, видно возбудена, Ферида Омерагиќ.
Општина Центар, досега додели 2.500 решенија за утврдување на правен статус на бесправен објект.
Рокот за легализација на објектите завршува во март, 2017-та, а до декември 2015-та е рокот за поднесување на геодетски елаборати.