(ВИДЕО) Шекеринска за bTV: Системот на Груевски е во фаза на распаѓање

Од:

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска даде интервју за бугарската приватна национална телевизија bTV.

„На граѓаните на Република Македонија им е јасна дијагнозата дека неколку луѓе во врвот на власта, одлучиле да си ја киднапираат својата држава. Целосната контрола долго време им траела. Веќе ја немаат целосната контрола.

Најголемиот удар врз власта е што сите овие податоци коишто тие ги користеле против нас, против граѓаните на Македонија, сега се свртеа против нив. И тоа е проблемот со сите автократски раководители. Тие мислат дека, ако ги држат сите информации, ги држат сите полуги, дека вечно ќе владеат. Тоа е невозможно.

Овој систем полека но сигурно е во фаза на распаѓање. Недовербата е голема внатре, меѓутоа, не смееме да ги потценуваме бидејќи покажаа дека се способни да направат многу злодела.

Ние рековме, спремни сме за преговори, за Македонија да излезе до кризава на најмирен можен начин. Ќе преговараме за начинот на којшто оваа Влада треба да замине во историјата, со преодна влада, со промени на клучните функции, особено во Обвинителството.

Да и дадеме шанса на Македонија да одлучи за својата иднина.

Доколку тоа не функционира, очигледно е дека работите ќе се влошат во Македонија. Меѓутоа, незадоволството е големо. Граѓаните имаа страв, меѓутоа, тој страв веќе се губи. И не е случајно тоа што во Македонија, во последниве 4-5 месеци, имате серија на различни демонстрации. Различни групи протестираат, и средношколците, и новинарите, и студентите, и професорите. Тоа е резултат на чувството дека мора да се избориме за уште една шанса за Македонија“, изјави Радмила Шекеринска за за бугарската приватна национална телевизија bTV.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори

СДСМ: Максим Димитриевски измеќари кај Мицкоски за да се спаси од прогон

Кузеска: Мицкоски води теснопартиски интереси и слугува на туѓи држави

(ВИДЕО) Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Горан Наумовски

СДСМ: Шокантно, наместо поддршка за младите – Мицкоски запнал да ги казнува луѓето што не се во брак

(ВИДЕО) Филипче: Димитриевски му слугувал на Мицкоски за да се спаси од политички прогон

Горан Наумовски