Без струја делови од Студеничани, Гази Баба, Илинден, Центар и Ѓорче Петров

Од:

Според известувањата од ЕВН Македонија утре без електричан енергија ќе останат делови од општините Студеничани, Гази Баба, Илинден, Центар и Ѓорче Петров.

Во општина Студеничани без електрична енергија од 08.30 до 14.30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Љубош, во општина Илинден од 09.00 до 14.00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од село Кадино, корисниците од село Марино и Бела Земја, фирмите Хавеп, Натам и фармата Илинден и корисниците од селата Булачани, Црешево, Љубанци и Раштак во општина Гази Баба.

Во општина Центар во периодот од 10.00 до 10.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од бул. Теодосиј Гологанов бр. 56, 58, 60, 126, 128, 130 и 132, дел од фабриката Треска, сервис Данлоп, корисниците од ул. Рузвелтова бр. 5, 7 и 9, ул. Христо Смирненски бр. 46, 48, 53, 55 и 64 и корисниците од ул. 9 Мај бр.17,20 и 44 и во периодот од 10.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 60 во село Волково во општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи