Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје денеска беа извлечени групите за ракометното Европското првенство за кадетки до 17 години, што од 13 до 23 август ќе се одржи во Македонија.
Македонската репрезентација ќе игра во група А заедно со Шведска, Словенија и Чешка.
Учество во борбата за трофеите ќе обезбедуваат две првопласирани по групната фаза, а останатите ќе разигруваат за пласман меѓу 9. и 16. место.
Изглед на групите:
Група А: Шведска, Словенија, Македонија и Чешка.
Група Б: Русија, Романија, Германија и Шпанија.
Група Ц: Португалија, Хрватска, Франција и Холандија.
Група Д: Данска, Норвешка, Унгарија и Словачка.