Еспен Барт Ајде: Не гледам причина да не бидат обновени преговорите за Кипар

Од:

Претставникот на Обединети нации за Кипар Еспен Барт Ајде изјави дека очекува мировните преговори за обединување на островот да бидат обновени по шестмесечниот прекин поради спорот за наоѓалишта на гас, пренесува БТА.

– Не гледам пречка за многу брзо обновување на преговорите откако изборниот процес во Северен Кипар ќе заврши, истакна Ајде, специјален советник на генералниот секретар на ОН, бан Ки-мун за кипарското прашање.

Кипарските Турци ќе гласаат на избори на 19 април за нов лидер, кој има клучна улога во изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение на проблемот со поделениот остров..

Последниот круг преговори за кипарскиот проблем беше замрзнат на почетокот од октомври од претседателот на Република Кипар, Никос Анасасиадис поради намерата на Турција да кистражува нафта и гас во економската зона на Кипар.

Киапр е поделен во 1974 година, кога Турција го окупира северниот дел на Островот по државниот удар на кипарските грчки националисти, поддржани од Атина, со цел да се припои кон Грција. Во 1983 година прогласена е Турска република Северен Кипар, што е признаена само од Анкара.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ