Јокиќ прогласен за најдобар млад играч во АБА лигата

Од:

Кошаркарот на Мега Лекс, Никола Јокиќ е прогласен за најдобра млад играч во регионалната АБА лига за сезоната 2014/15.

Јокиќ сезонава ја играше втората година во АБА лигата, а го доби и признанието МВП на лигашкиот дел. Тој во просек постигнуваше 15,4 поени и 9,2 скока по натпревар и само на три средби не успеа да стигне до „дабл-дабл“.

Минатата сезона ова признание отиде кај поранешниот играч на Цибона Дарио Шариќ.

Патот до признанието најдобар млад играч (до 22 години пред почетокот на сезоната) Јокиќ го трасира на дуелот со МЗТ Скопје Аеродром во 1.коло кога собра 44 индексни поени што се покажа како недостижно за другите играчи до крајот на лигашкиот дел.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ